Иако требаше да биде дерби на колото, сепак дѕуелот од 9.коло во женската плеј-офот конкуренција, ракометарките на Металург Автокоманда го добија лесно Чаир. Тимот на Металург оствари убедлива победа над Чаир со девет голови разлика 33:24.

Од самиот почеток се играше израмнето, со игра „гол за гол“ во првите десетина минути. Во 13-тата минута, Металург Автокоманда прва успеа да се одвои, стекнувајќи предност од 7:5. Иако гостинскиот тим се обидуваше да се врати во игра, домашната екипа вешто ја контролираше ситуацијата и не дозволи израмнување. На полувреме тие заминаа со предност од 16:13.

Во 35-тата минута, Металург Автокоманда поведе со 19:14, преземајќи контрола врз натпреварот. Домашната екипа продолжи да ја зголемува својата предност, а со импресивна серија од 7:1 стигна до највисоките 24:15. До крајот на мечот, Металург без проблем ја одржа оваа разлика и убедливо триумфираше со 33:24.

Најефикасна од тимот на Металург беше Гугуљанова со 8 гола, додека од Чаир Гулицоска даде 12 гола.

Со оваа победа тимот од Автоикоманда се зацврсти на второто место на табелата, зад шампионот Ѓорче Петров кој во овие моменти гостува кај Куманово.

Ивона Кимовска