Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва пред својата публика во Скопје, ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Светското првенство. На националната арена „Тодор Проевски“ ќе гостува селекцијата на Велс.
Позитивната атмосфера по победат над Лихтенштајн, е присутна во црвено-жолтиот табор. Победа е единствената мисла, на македонските фудбалери. Но, до неа може да се стигне само со максимално спроведени замисли на селекторот Милевски и одиграни во текот на сите 90 минути.
„Противникот е далеку посериозен во однос на претходниот, а тоа го покажа изминатите години со настапите на големите натпреварувања.
Концентрацијата, дисциплината и борбата мора да биде присутна во текот на целиот натпревар, а само така можеме до поволен резултат“, вели селекторот Милевски.
Тоа ќе биде трет натпревар меѓу овие две селекции. Претходните два во квалификациите за Мундијалот во Бразил 2014-та, завршија со по еден домашен триумф.
Велшаните славеа со голот на Симон Чрч, а по асистенцијата на сегашниот селектор Крег Белами, кој е свесен дека вечерва ќе игра против исклучително мотивиран противник.
На дуелот во Скопје, Македонија славеше со 2:1. Иван Тричковски и Алекс Трајковски беа стрелци на головите за радост на македонските навивачи.
Дуелот меѓу Македонија и Велс што се игра во рамите од „Ј“ групата ќе почне од 20.45 часот. Во истиот термин во оваа група ќе играат Лихтенштајн и Казахстан.
