Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на врвот на табелата во шпанската ла Лига. Ова откако Реал со пресврт на гостински терен го победи Виљареал.
Иако натпреварот од 28.коло започна одлично за домашните фудбалери и навивачи, во продолжението Мбапе со два гола го направи пресвртот.
Виљареал поведе во осмата минута со голот на Аргентинецот, Фојт. Потоа на сцена стапи Килијан Мбапе кој за само шест минути постигна два гола, Во 17-тата Французинот израмни на 1-1, а вп 23.минута му донесе водство на Реал од 1-2.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 60, Реал е на првото место на табелата/. „Кралевите“ имаат три бодови повеќе од Барселона (57) која има одиграно два натпревари помалку. Утревечер (21 часот) Барселона му гостува на трето пласираниот Атлетико кој има 49 бодови.