Во осмото коло од плеј-офот во женската конкуренција, Чаир го пречека тимот на Астибо и без многу проблеми стигна до убедлива победа со 32:27.
Домашната екипа одлично го отвори натпреварот, наметнувајќи силно темпо од самиот почеток. Веќе во 12-тата минута, Чаирчанки имаа убедлива предност од 9:2. Со сигурна игра и цврста одбрана, тие продолжија да ја зголемуваат разликата, па со серија од 4-0 стигнаа до водство од 16:7. Гостинскиот тим се обидуваше да ја намали негативата, но Чаир не дозволи. На полувреме, домаќинките заминаа со солидна предност од 19:10.
Во второто полувреме, Чаир рутински ја одржуваше предноста стекната во првиот дел. Веќе во 39-тата минута, домаќинките имаа двоцифрена разлика (25:15), што им овозможи мирна контрола на натпреварот.
Иако Астибо не се откажа лесно и успеа да ја намали негативата на 30:26, Чаир не дозволи да израмни. Домаќинките брзо ја вратија својата игра, ја стабилизираа одбраната и повторно ја зголемија предноста, осигурувајќи сигурна победа со 32:27.
Најефикасни од екипата на Чаир беа Ѓеоргиевска со 12 и Мифтари Рона со 7 погодоци, додека од Астибо Анчева постигна 15 гола.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 8.КОЛО
Недела 15 март
ЧАИР – АСТИБО 32:27
15.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО
17.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 15 бодови, Чаир 13, Металург Автокоманда 11, Куманово 5, Вардар 4, Астибо 0.
Ивона Кимовска