Француската фудбалска ѕвезда, Пол Погба пред една недела за прв пат заигра официјален натпревар оваа сезона и се очекува да биде големо засилување за тимот на Јувентус до крајот на сезоната.
Сепак Погба нема да биде во комбинација за вечерашниот натпревар од Лигата на Европа, отакако тренерот Макс Алегри одлучи да го суспендира Французот поради недисциплина, т.е поради доцнење на трененинг.
Имено Погба не се појавил во договореното време на вчерашниот попладневен тренинг без притоа да го извести менаџерот на тимот за причината за истото.
Оттаму е и суспензијата и изоставувањето од тимот за вечерашниот натпревар. Ова е втора суспанзија од клубот за само четири дена, откако викеднов Јувентус го казни Моис Кин поради глупоста која ја направи на натпреварот со Рома, кога за само 35 секунди колку што помина на теренот, неспортски удри противнички играч и заработи црвен картон.
За сега според информациите, Погба ќе се врати во тимот веќе за викенд кога продолжуваат натпреварите од италијанската Серија А