Барселона попладнево ќе ја пречека Бенфика во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и ќе има големо засилување.

Роберт Левандовски е подготвен за натпреварот против португалскиот тим и тоа ќе биде олеснителна околност за Ханси Флик. Полскиот напаѓач беше под знак прашалник поради повреда, но сепак се опорави и ќе биде на располагање.

Левандовски настапи на првиот меч кој каталонскиот клуб го доби со 1:0, но беше сменет во 78-та минута.

Ова го потврди тренерот на Барселона, Ханси Флик.

„Левандовски се врати и е подготвен за денеска. Тој почувствува одредени болки во саботата, сепак, сега е добро“, изјави тренерот на Барселона.

Каталонците имаат гол предност од првиот натпревар и имаат добри шанси да се пласираат во четвртфиналето каде би се соочиле со победникот од пресметката помеѓу Борусија Дортмунд и Лил.