Фудбалерите на Реал Мадрид можеби потешко од очекуваното го совладаа малиот градски ривал Рајо Ваљекано.

Во натпревар од 27.коло на Ла Лига, Реал славеше со 2-1.

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Килијан Мбапе во 30-тата и Винициус во 34.минута му донесоа два гола предност на Реал. Гостите намалија преку Дијас во судиското дополнение (45+2). Тој резултат (2-1) за Реал остана и во второто полувреме.

Сега Реал има 57 бодови колку и прво пласираната Барселона која има натпревар помалку. На третото место е Атлетико Мадрид кој денеска, исто така во мадридска пресметка, загуби од Гетафе со 1-2.

Standings provided by Sofascore