Ракометните суперлигаши денеска ќе ги одиграат натпреварите од 21.то претпоследно коло од првиот дел од првенството. На програмата се пет дуели, откако во четвртокот во првиот натпревар Алкалоид како гостин го совлада МРК Куманово со 41:27.

Дербито на колото се игра во Охрид, каде истоимената екипа го пречекува тимот на Вардар. „Црвено-црните“ ќе имаат тешка задача особено што тимот на Охрид знаел на домашен терен да им создаде многу проблеми на фаворитите. Почетокот на натпреварот е во 18 часот. Во истиот термин се играат уште два натпревара во Скопје (сала Македонско сонце) Пролет го пречекува тимот на Радовиш и важи за фаворит, но гостинската екипа со неколку пред се странски засилувања може да биде незгоден противник. Неизвесно се очекува да биде и во Велес, каде Фруит Ленд Борец е домаќин на Прилеп.

Како најава на денешните натпревари е дуелот меѓу Струга и Тиквеш. Почетокот на натпреварот е во 14 часот. Гостите не би требало да имаат проблем да дојдат до победата, но и стружани со неколку засилувања пред се за плеј аут лигата го очекуваат овој натпревар. Улогата на апсолутен фаворит ја има и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој е домаќин на екипата на Бутел. Почетокот на дуелот е во 17 часот.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА – 21.КОЛО

ДЕНЕСКА (САБОТА)
14:00  СТРУГА – ТИКВЕШ
17:00  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ
18:00  ОХРИД – ВАРДАР
18:00  ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ
18:00 ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – ПРИЛЕП
ОДИГРАНО ВО ЧЕТВРТОКОТ
МРК КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 27:41

ТАБЕЛА: Алкалоид 38 бодови, Е.Пелистер 36, Вардар 36, Охрид 30, Бутел 22, Тиквеш 22, Прилеп 16, Пролет 62 15, МРК Куманово 10, Ф.Л. Борец 7, Струга 6, Радовиш 4.