Викендов продолжуваат натпреварите од 19.коло во Првата машка кошаркарска лига. Оваа рунда беше отворена во средата со дуелот во кој ТФТ со 53 разлика го победи Вардар.
Еден од двата дерби натпревари во ова коло ќе се игра во Гевгелија. Во реприза за финалето на Купот, екипата на Кожув го пречекува актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревар ќе стартува во 19 часот термин во кој во Кавадарци ќе играат Тиквеш и Чаир.
Час порано (18), МКК Куманово ќе го пречека тимот на Шкупи.
Утре пак на програмата се два натпревари. Во првиот, Гостивар и Феникс во директен дуел може да решаваат за место во плејофот. А, во Битола, каде пелистер е домаќин на Работнички во второто дерби, ќе се решава за подобри позиции во разигрувањето.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 19 коло
Сабота / 8 март
18.00 КУМАНОВО – ШКУПИ
19.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ТИКВЕШ – ЧАИР
Недела / 9 март
18.00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
19.00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Одиграно / 5 март
ТФТ – ВАРДАР 90-37
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32 бодови, ТФТ 32, Работнички 29, МКК Куманово 29, Пелистер 29, Чаир 28, Кожув 26, Феникс 27, Гостивар 25, Тиквеш 25, Шкупи 24, Вардар 19.