Тимот на Ливерпул славеше минимална победа со 1-0 на гостувањето кај ПСЖ во првиот осминафинален меѓусебен дуел во Лига на шампони.
Во спектакуларна атмосфера на „Паркот на принцовите“ домаќините доминираа и напаѓаа, но не најдоа решение за „бункерот“ на Ливерпул и расположениот голман Алисон.
Во 21.минута Кварацкелија на ефектен начин го совлада Алисон, но голот беше поништен поради претходен офсајд. Истиот фудбалер се закани и во 36-тата минута, но голманот Алисон овојпат беше поуспешен.
И во второто полувреме иста слика. Најголемиот дел од времето се играше пред голот на Ливерпул, но „светците“ немаа решение, како да ја затресат мрежата на Алисон. За доминацијата на ПСЖ говорат и бројките. Парижаните имаа 25 шута кон голот на Алисон, наспроти едниот единствен на Ливерпул.
А, токму тој шут на Елиот во 87.,минута го реши и победникот, за триумф на Ливерпул од 1-0.
Сепак. Се чини дека патникот меѓу четвртфиналистите, сепак ќе се решава на реваншот во вторник (12 март) на „Енфилд“.