Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се играат пет натпревари од 21-то коло.

Оваа рунда носи два деби дуели и тоа на четири од петте првопласирани екипи.

На студиото „Борис Трајковски“ во скопски Маџари, ќе играат второ и трето рангираните екипи на табелата. Томот на Гостивар го пречекува составот на Работнички.

Вториот е оној во Кратово, каде Силекс, „ќе ги лечи раните“ од елиминацијата во Купот, во дуелот со шампионот Струга Трим Лум. Стружани пак во обид да фатат приклучок со квартетот пред нив, во продолжението на сезоната ќе ги предводи Илчо Ѓорѓиоски.

Кај лидерот на табелата Шкендија во Тетово гостува кавадаречки Тиквеш. Интересно се очекува да биде и на остаматите два натпревари во Чаир и Охрид.

Сите натпревари почнуваат од 14 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА