Вчерашниот натпревар во Купот на Македонија меѓу Вардар и Силекс, беше претпоследен на националната арена „Тодор Проевски“.
Имено нашата најголема арената ќе биде затворена за употреба се до крајот на март месец, односно одигрувањето на натпреварат Македонија – Велс.
Причината за затворањето е со цел да се направи реконструкција на тревната подлога почетокот на квалификациите за Светското првенство. Затоа натпреварот од 21.коло во Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Беса ќе се игра во сабота, а сите останти во недела од 14 часот.
Потоа ќе се пристапи кон санација на теренот, што ќе треба да биде завршен до 25 март за кога е закажан натпреварот Македонија – Велс. Три дена претходно македонските фудбалери ќе го играат натпреварот против Лихтенштајн во Вадуз.