До својата втора овосезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање, стигна и Лукас Братен.
Норвежанецот, триумфира на велеслаломската трка во Алта Бадија, Италија на кој по двете оствари најдобро вкупно време (2:36.35) оставајќи го зад себе за само 2.стотинки поискусниот свој сонародник Хенрик Кристоферсон. Како трет трката ја заврши Швајцарецот, Марк Одермарт кој застана 10.стотинки зад победникот.
Сепак Одермарт остана водечки во Генералниот пласман во оваа дисциплина, како и во севкупниот пласман во кој сега трет е денешниот победник Братен и тоа зад сонародникот Килде.
И утре на истото место мажите повторно ќе се натпреваруваат во велеслалом