Микаела Шифрин е победничка на супер-велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање, што денеска се одржа во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.

Американката до својата четврта победа сезонава стига со 12.стотинки побрзо време од нејзината голема конкурентка Италијанка, Елена Куртони. Место на подиумот обезбеди и Французинката, Роман Мирадоли која заостанат 40.стотинки зад победничката.

Шифрин која сезонава победи на трите слаломски трки, сега има 77-победи во Светскиот куп и е на пет помалку од рекордот на нејзината сонародничка Линдзи Вон која кариерата ја заврши со 82 победи.

Дамите имаат пауза се до 27 декември за кога е закажан велеслаломот во австриски Земеринг.