Лидерот на првенствената табела Струга Трим Лум славеше победа над актуелниот првак Шкупи со 2-1.
Трите гола беа постигнати од пенал. Во 22-минута, Шабани ја доведе Струга во водство од 1-0, а во 88-та откако Ибраими беше соборен во гостинскиот шеснаесетник, истиот фудбалер зголеми на 2-0. Во судиското дополнение (90+7) Алварез на спротивната реализира за конечни 2-1 за Струга ТЛ.
Со денешните натпревари комплетиран е вториот дел од шампионатот, по што остануваат да се одиграат уште 11 кола, односно по десет натпревари.
Иако, гледани има многу да се игра, сепак денешниот дуел во Струга може многу да влијаа на конечниот пласман на табелата, односно трката за шампионскиот трофеј, па сега стружани имаат четири бодови повеќе од второ пласираниот Шкупи.
На останатите средби беа постигнати овие резултати:
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 1-2,
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3-1,
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА 3-0,
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1.
ТАБЕЛА
1 СТРУГА 42 бодови
2 ШКУПИ 38
3 ШКЕНДИЈА 35
4 СИЛЕКС 32
5 БРЕГАЛНИЦА 29
6 ТИКВЕШ 28
7 МАКЕДОНИЈА ЃП 25
8 РАБОТНИЧКИ 24
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 19
10 СКОПЈЕ 14
11 ПОБЕДА 13