Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија денеска го стартува новиот циклус натпревари во Лигата на Нациите.

Македонските фудбалерки ќе играат во шестата група на „Ц“ сегментот. Во неа црвено-жолтите за противници ќе ги имаат селекциите на Косово и Летонија.

Избраничките на селекторот Александар Андов, попладнево ќе играат против Косово. На овој натпревар Костов не ќе може да смета на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова кој е повредена.

Натпреварот што ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ ќе почне од 14 часот, а влезот е слободен.

Воедно натпреварот ќе може да го гледате низ директен пренос на МРТ3 или овде.