Во втората половина на месец март, македонската фудбалска репрезентација ќе го почне новиот квалификациски циклус, овој за Светското првенство 2026-та.
Управниот одбој на Фудбалската федерација денеска на работна седница меѓу дузината одлуки, ја одреди и цената на картите за првиот домашен натпревар.
По цена од 300, 400 и 900 денари ќе се продаваат картите за натпреварот Македонија – Велс, закажан за 25 март на арената „Тодор Проевски“.
300 денари ќе чинат картите за (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). По цена од 900 денари ќе се продава билет за прва категорија (северна трибина, блок 15).
Македонија ќе игра во групата ,,Ј” која брои пет репрезентации. Во неа за противници ќе ги има: Лихтенштајн, Велс, Белгија и Казахстан.






































