Одбојкарскиот Куп на Македонија стигна до четвртфиналната фаза, по која ќе ги дознаеме осумте екипи што ќе играат на завршниот турнир.

Денеска на програмата се по три натпревари во двете конкуренции.

Кај дамите два се играат во Скопје, каде Јанта Волеј и шампионот Работнички ги пречекуваат Газели волеј и Младост УГД. Третиот е оној во Струмица каде екипата на Вардар ЕМ ќе гостува на екипата на Наковски волеј. Осминафиналната рунда утре ќе ја заокружат Хит Фан волеј и Пелистер.

И кај машите е иста ситуацијата, со тоа што последниот четвртфиналист ќе го дознаеме следната среда.
Денеска, бранителот на Куп трофејот Штип УГД игра против Скопје. Шампионот Струмица го пречекува Универзитет во Тетово. а во Велес, Борец екипата на Лирија. Шкендија и Работнички ќе играат на 26 февруари.

Во осминафиналето се игра еден натпревар, а победниците ќе обезбедат пласман на „фајнал-форот“

ОДБОЈКА  КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ЖЕНИ
Денеска 19 февруари

16.30 ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ
17.45 РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ УГД
18.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ
Утре 20 февруари
13.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ

МАЖИ
Денеска 19 февруари

18.30 ШТИП УГД – СКОПЈЕ
18.00 СТРУМИЦА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО
19.00 БОРЕЦ – ЛИРИЈА
26 февруари
20.00 ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ