Второто големо изненадување во фудбалската Лига на шампиони денеска повторно се случи во Италија. Имено, Италија останува со два тима помалку во елитното натпреварување.
По Милан кој беше елиминиран од Феенорд, и екипата на Аталанта го заврши својот настап во елитното натпреварување.
Тимот од Бергамо, пред своите симпатизери загуби во реваншот со Бриж. Белгискиот тим кој на првиот меч славеше со 2-1, вечерва победи со 3-1.
19-годишниот Белгиец, Талби беше двоен стрелец во третата и 27-мата минута. Судбината на италијанскиот тим уште во првиот дел ја запечати Шпанецот, Феран Јутгла за убедливи 3-0 за Бриж.
На стартот на второто полувреме Лукман намали на 1-3. Истиот фудбалер во 61.минута не успеа да реализира пенал.
Немаа сили фудбалерите на Аталанта ниту да ја намалат предноста, а камо ли да ја анулираат и да направат пресврт. Тимот на Клуб Бриж заслужено се пласира во осминафиналето.
Таму место обезбеди и екипата на Бенфика. По гостинските 0-1 во Монте Карло, Бенфика вечерва во Лисабон пред своите навивачи со Монако одигра 3-3. Домашниот тим поведе во 22.минута со голот на Керем Актуркоглу. Монако се врати во игра преку Јапонецот, Такуми Минамино во 32-та минута.
Во второто полувреме уште четири гола. Францускиот тим во два наврати имаше водство. Сепак, португалскиот успеа да ја анулира таа негатива преку Павлидис од пенал и Турчинот, Кокчу.
Со вкупни 4-3 екипата на Бенфика е меѓу шеснаесетте најдобри.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ РЕВАНШ
вторник 18 февруари
БАЕРН М. – СЕЛТИК 1-0 (2-1 прв натпревар)
БЕНФИКА – МОНАКО 3-3 (1-0)
АТАЛАНТА – КЛУБ БРИЖ 1-3 (1-2)
МИЛАН – ФЕЕНОРД 1-1 (0-1)
среда 19 февруари
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС (1-2)
БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. (3-0)
Пласман во осминафинале