Фудбалерите и навивачите на Јувентус се радуваа на голема победа во дуелот со актуелниот шампион Интер.
Дерби дуелот од 25.коло во Серија А, одигран во Торино, го добија домаќините минимално со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот, беше Португалецот, Франциско Консеисао во 74-тата минута.
Гостите од Милано со сите сили се обидуваа да ја анулираат негативата, но не успеаја во тоа.
Јувентус кој е петти на табелата сега има 46 бодови. Интер остана на втората позиција со 54, два помалку од лидерот Наполи, а три повеќе од Аталанта која е трета.