МЗТ лесно преку Пелистер, ќе атакува и на 13-тиот Куп трофеј во својата историја.

Бранителот на титулата одигра одличен полуфиналне меч во кој беше мнпогу подобар од ланскиот предизвикувач во финалето со 103-88 .

Навистина, Пелистер беше екипата која подобро отвори, со серија од (11-5) која ја отвори Стојановски. Но тоа беа и најдобрите моменти во играта на битолчани во првото полуфинале од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој деновиве се игра во Гевгелија.

Промената на првата бековска позиција во МЗТ Скопје, во која петков го замени Mагдевски (брзо запиша две лични грешки) отвори неверојатна серија на бранителот на трофејот. Од (15-0) со која „сино-белите“ го најавија она што следуваше.Нивна беспрекорна игра во фазата на нападот.

На другата страна пак, тотална конфузија во офанзивата на противникот.„Пелистерци“ не успеваа да одбранат ама баш ништо, на другата страна, без вистинска ориентација во организацијата на нападите. Веќе на истекот на првиот период МЗТ Скоопје се стекна со солидна позитива.

Но немаа намера тука и да застанат избраниците на тренерот Васко Атанасов, напротив.Она што го започна еден од најмладите во екипата, го продолшија, поентерски гледано Маслинко, и В.Стојановски.

Многу брзо, фаворитот се стекна со 20 плус позитива, како што беше и на полувремето (60:40). И да сакаа нешто повеќе „зелено-белите“ тешко можеа и да го реализираат, ако се земе в предвид дека противникот имаше неверојатни проценти на реализацвија во шутот, како за два (83%), така и за три поени (9/13, односно 69%).

Противнник во финалето ќе им биде подобриот во вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат екипите на Кожув и Гостивар, а ќе стартува од 20.30 часот.