Супер интересни беа првите шеснаесет-финални натпревари од Лигата на шампионите одиграни вечерва во Торино и Лисабон.

Фудбалерите на Јувентус 2-1 го совладаа холандскиот ПСВ на дуелот во Торино.

Домаќините поведоа со прекрасниот гол на Американецот, Вестон Мекени во 34-тата минута. Во вториот дел холандскиот тим стигна до израмнување во 56.минута, преку Хрватот, Иван Перишиќ. Сепак италијанскиот тим на реваншот во Ајндховех ќе патува со гол предност. За тоа се погрижи Самуел Мбангула со голот во 82.минута, поставувачи ги конечните 2-1 за Јувентус.

На натпреварот во Лисабон, екипата Спортинг загуби од Борусија Дортмунд со 0-3.

Головите беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Гуираси (60), Бруто (68) и Адејеми (82.минута).

Потсетување дека со истиот резултат (0-3) победа на гости славеше и ПСЖ кој во француската пресметка со Брест. Дербито на денот го доби Реал Мадрид кој со голем пресврт го победи Манчестер Сити на гостински терен.

Утре ќе се играат преостанатите четири натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕТО

Вторник
БРЕСТ – ПСЖ 0-3
ЈУВЕНТУС – ПСВ 2-1
МАНЧЕСТЕР С. – РЕАЛ М. 2-3
СПОРТИНГ Л. – БОРУСИЈА Д. 0-3
Среда
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА од 18.45 часот
СЕЛТИК – БАЕРН М. од 21 часот
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА