По речиси двомесечна пауза денеска продолжуваат натпреварите во одбојкарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција.
Втората фаза од првенството стартува викендов со натпреварите од Првата машка лига.
Првите шест екипи на табелата од првата фаза: Струмица, Штип УГД, Борец, Шкендија, Универзитет во Тетово и Работнички, продолжуваат во натпреварувањето во втора фаза 1. Тие ги пренесуваат бодовите од првата фаза и ќе разигруваат по двокружен бод систем за пласман во полуфиналето на плеј-офот. Првите четири екипи на табелата ќе продолжат во полуфиналето на плеј-офот. Екипите пласирани на петтото и шесттото место го завршуваат натпреварувањето.
Клубовите кои по првиот дел од сезоната се рангирани од 7 до 13.место на табелата: Вардар, Лирија, Македонија Џио, Скопје, Сушево, Весна Пробиштип и Јанта Волеј, ќе играат во втората фаза 2. И во неа се пренесуваат освоените бодови. Тие се натпреваруваат по двокружен бод систем, по чие комплетирање се дефинира конечниот изглед на долниот дел од табелата во првенството.
ПРВА ЛИГА МАЖИ, ВТОРА ФАЗА 1, РАСПОРЕД 1. КОЛО
петок (31.01.2025)
18.30 Штип УГД – Универзитет во Тетово
сабота (01.02.2025)
17.00 Струмица – Работнички
18.00 Борец – Шкендија
ПРВА ЛИГА МАЖИ, ВТОРА ФАЗА 2, РАСПОРЕД 1. КОЛО:
сабота (01.02.2025)
16.00 Скопје – Сушево
17.00 Лирија – Јанта Волеј
18.00 Македонија Џио – Весна Пробиштип