Репрезентацијата на Хрватска е првата која обезбеди пласман на Светското првенство за ракометари.
Хрватите бодрени од својата публика во Загреб по голема борба и со голот на Шишпиќ во последната секунда ја совладаа Унгарија со 31-30 во првиот меч од четвртфиналната рунда.
Во динамичен и цврст натпревар, Унгарците исклучок во воведните седум минути, постојано имаа предност. Најголемата изнесуваше +4 кон средината на првиот дел, но Хрватите успеаја да ја анулираа и да се изборат за нерешено (16-16).
Во второто полувреме уште поголема борба и драма во завршницата.
Унгарците прво водеа со три разлика (24-21), а домаќините се вратија и на десет минути пред крајот израмнија на 23-23. Унгарија набрзо направи и четири голови разлика, но тогаш на сцена настапи Пешиќ. Со неколкуте негови три одбрани и брзите голови на спротивната страна Хрватска се врати во игра и на 77.пред крајот израмнија на 30-30.
Тајмаутот на унгарскиот селектор, Шпанецот, Чема Родригез не донесе резултат, па Хрватска ја имаше последната шанса. Со голот на Шипиќ во последната секунда Хрватска стигна до победа победа за делириум во загрепската арена.
Така Хрватска сега ќе го чека исходот од вториот четвртфинален меч кој исто така ќе се игра во Загреб. вечерва од 21 часот на програмата е дуелот Франција – Египет, а победникот ќе биде противник на Хрватите во полуфиналето.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од утрешните четвртфинални средби меѓу Данска и Бразил, односно Португалија и Германија.