Македонската ракометна репрезентација Светското првенство го заврши со пораз од Франција (европски првак) 32:25. Македонските ракометари со четири бодови го освоија четвртото место во групата.

Задоволен сум. Имавме тежок натпревар вечерва. Французите не не потценија, можеби не играа 100%, но беа на 90 отсто. Сепак и ние одигравме квалитетен натпревар, нешто слично како и со Холандија, но сепак Франција е европски првак, тие играчи секоја година играат по неколку натпревари на високо ниво. Имавме добри работи, но имаме и „дефекти“. Жалам за трите промашени седмерци во првиот дел. Сепак ова беше шести натпревар за нашата репрезентација. Настапот тука е големо искуство за сите млади играчи, а воедно им честитам на сите и на стручниот штаб, игравме натпревари со играчи од светскиот врв. Сепак има и мала горчина дека можевме повеќе, изјави селекторот на Македонија Кирил Лазаров.

Македонија како четвртопласирана во групата во конечниот пласман е пласирана на 15.место (се сметаат бодовите на сите четвртопласирани репрезентации од четирите групи).