На Светското ракометно првенство денеска е слободен ден за македонските ракометари кои истиот ќе го искористи за подготовка за следниот натпревар.

Избраниците на Лазаров утре ги чека дуел против селекцијата на Катар, против кој ќе атакуваат на втората победа на Мундијалот. Натпреварот од 2.коло на групата 2, меѓу Македонија и Катар ќе се игра во терминот од 15.30 часот.

Денеска на шампионатот на програмата се дуелите од 1.коло во групите 3 и 4.

Интересно се очекува да биде во Баерум во Норвешка каде се играат натпреварите од третата група.

Во првиот меч ќе играат двете првопласирани селекции Португалија и Шведска, а во вечерниот термин домаќинот Норвешка и Шпанија.

Во загрепската група 4 дербито е последниот меч меѓу Египет и Исланд селекции кои се на двете водечки позиции на табелата.

Група 3 – Баерум, Норвешка
15:30 БРАЗИЛ – ЧИЛЕ
18:00 ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА
20:30 НОРВЕШКА – ШПАНИЈА  
ТАБЕЛА
1. Португалија 4
2. Шведска 3
3. Шпанија 3
4. Бразил 2  
5. Норвешка  0
6. Чиле 0
Група 4 – Загреб, Хрватска  
15:30 СЛОВЕНИЈА – АРГЕНТИНА
18:00 ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – ХРВАТСКА
20:30 ЕГИПЕТ – ИСЛАНД  
ТАБЕЛА
1. Египет 4
2. Исланд 4
3. Хрватска 2
4. Словенија 2
5. Зеленортски Острови 0
6. Аргентина 0