Продолжението на сезоната во фудбалскта Лига на шампиони донесе интересни натпревари. Во деветте дуели од 7.коло одиграни денеска, видовме големи возбудувања и пресврти.

Лидерот на табелата, англиските Ливерпул и по оваа рунда има максимален ефект. Ливерпул пред своите симпатизери на „Енфилд“ го совлада францускиот Лил и ја оствари седмата победа.

Салах (34.минута) и Елиот (67) беа стрелци на головите за Ливерпул, а Давид (62) за Лил кој од 59,минута имаше играч помалку.

На дуелот во Лисабон каде Бенфика ја пречека Барселона беа постигнати дури девет голови. Гостите во два наврати имаа по два гола негатива, а на крајот шпанскиот тим славеше со 4-5.

Гркот Павладис постигна хет-три, Бенфика водеше со 3-1 и 4-2, но Барса стигна до реми. Два гола постогна Левандовски (13 и 78 од пенал), а во листа на стрелци се запишаа и Рафиња (64) и Гарсија (87). И кога сите очекуваа крај на дуелот, Рафиња со својот втор гол во судиското дополнение (90+4) и донесе голема победа на Барселона со 5-4.

Дерби дуелот се одигра во Мадрид каде Атлетико го пречека германскиот првак Баер. Во него двата тима одиграа по едно добро полувреме.

Гостите го добија првото со голот на Хинкапи во сириското дополнение (45+1). Во вториот дел Хулиан Алварез со два гола (52 и 90) комплетно го сврте резултатот и му донесе победа на Атлетико со 2-1.

Ливерпул сега има 21 бод на врвот на табелата, а зад него се Барселона со 18 и Атлетико со 15 бодови.

Зад ова триo е италијанската Аталанта која ја оствари најубедливата победа денеска поразувајќи го Штурм со 5-0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 7.КОЛО

Вторник
АТЛЕТИКО МАДРИД – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2-1
ЛИВЕРПУЛ – ЛИЛ 2-1
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА 4-5
БОЛОЊА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-1
КЛУБ БРИЖ – ЈУВЕНТУС 0-0
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПСВ 2-3
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – ШТУТГАРТ
АТАЛАНТА – ШТУРМ ГРАЦ 5-0
МОНАКО – АСТОН ВИЛА 1-0

Standings provided by Sofascore