Супер ефикасни три натпревари се одиграа попладнево во 22.коло на англиската Премиер лига. На трите дуели беа постигнати 14 гола.
Нови порази претрпеа екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а Нотингем Форест славеше нов триумф.
На „Олд Трафорд“ фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно ги разочараа своите навивачи. „Црвените ѓаволи“ беа поразени од Брајтон со 1:3. За Јунакјтед тоа беше 10-тиоѕ пораз сезонава по кој остана на 13.место. Брајтон е деветти.
Со идентичен резултат 3-2 и победа на домаќините завршија останатите два натпревари.
Тотенхем го претрпе 12-тиот пораз кај Евертон по што остана во долниот дел од табелата односно 15.место, едно пред денепниот противник.
Затоа пак Нотингем Форест е на делба на второто и третото место со Арсенал. Денеска пред своите навиваќи Нотингем Форест славеше над последно пласираниот Саутемптон.