Фудбалерите на Реал Мадрид остварија нова победа во шпанската Ла Лига. Овојпат во натпревар од 20.коло, „кралевите“ на домашен терен славеа над Лас Палмас со 4-1.

Иако натпреварот почна катастрофално за Реал, сепак избраниците на Анчелоти ја потврдија улогата на фаворити. Лас Палмас поведе преку Силва уште во првата минута.

Реал брзо се врати во игра, а за осумнаесетмина минути постигна три гола.

Два од нив беа дело на Килијан Мбапе. Французинот во 18.минута од пенал израмни на 1-1. Веќе во 32-та Дијас му донесе предност на Реал од 2-1, а Мибапе во 36-тата зголеми на 3-1.

Францускиот репрезентативец уште еднаш ја затресе гостинската мрежа (43.минута), но тој гол беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел, односно 57.минута во листата на стрелци се запиша и Родриго.

Со новите бодови и сега вкупно 46, Реал изби на првото место на табелата и го искористи киксот на ривалите. Атлетико кој вчера загуби од Легансе е втор со 44 бодови. Трета е Барса која вчера одигра реми со Гетафе, па сега има 39 бодови.