Екипата на Наполи дојде до триумф на Аталанта во дерби натпреварот од 21.коло на италијанската Серија А.

Дуелот одигран во Бергамо, донесе многу возбудувања и пресврти, а гостите од Неапол триумфираа со 3:2.

Во првото полувреме беа постигнати трои гола. Резултатот го отвори Ретеги во 16-та минута. На 2:1 Наполи го сврте резултатот со головите на Политано во 27-та и Скот Мектоминеј во 40-та минута.

Во вториот дел на 2:2 изедначи Лукман во 55-та минута, а триумфот на Наполи му го донесе Ромелу Лукаку со гол во 78-та минута.

Наполи останува на врвот со 50 бода, а Аталанта со 43 бода е позиционирана на третото место. Меѓунив на второто место е Интер (44 бодови) кој утре ќе игра против Емполи на домашен терен.