Светската ракометна федерација ИХФ ја казни Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со 10.000 швајцарски франци за однесувањето на македонските навивачи за време на дуелот од второто коло во Вараждин, кој Македонија го загуби со 37:32. Притоа македонските навивачи искажаа голе револт за одлуките на судиската двојка од Данска, која досуди 12 седмерци за „лалињата“, како и 18 минути Македонија играше со играч помалку.
Притоа делот од трибините веднаш зад двете клупи ќе биде затворен за публика, а доколку се повтори ваково однесување постои можност Македонија некој од натпреварите да го игра и без публика на трибините.
Поради слаба организација казна има и за еден од домаќините на првенството Ракометниот сојуз на Хрватска.