РК Вардар е првиот спортски колектив што се приклучува на кампањата „Спортистите на браникот на хуманоста“.
Тоа е дел од крводарителска акција што се реализира во салата во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„ Членовите на управата на клубот, стручниот штаб, дел од играчите на Вардар, и дел од нашите навивачи се одзваа на повикот и ја покажаа хуманоста и свеста доброволно да се дарува крв.
Како клуб сакаме да придонесеме за подигнување на свеста за доброволното дарување крв и зголемување на бројот на крводарители, особено меѓу младите.
Веруваме дека ова ќе биде мотив и другите клубови да се приклучат на кампањата“, потемцираат од таборот на РК Вардар.
Кампањата се одвива во организација на Институтот за трансфузиона медицина. На истата беше и Министерот за Спорт Борко Ристовски и Садије Шанини, Заменик Министер за спорт.