Македонската репрезентација на стартот од Светското првенство во Вараждин одигра нерешено 27:27 со фаворитот во групата Унгарија. Во изедначен натпревар, во кој резултатот беше изедначен 16 пати (14 во вториот дел).
Почетокот на дуелот беше во знак на Унгарија која по 1:1, успеа да се одлепи и поведе со 5:2). Но, во тие моменти бодрени од македонските навивачи нашите ракометари ја консолидираат одбраната. Со неколку успешни интревенции на Митревски успеаат да направат пресврт. По серија од 7-1 за Македонија на семафорот во 17.минута беше 10:6 за избраниците на Кирил Лазаров. Пет од седумте голови за „жолтите“ (Македонија игра во жолта комбинација) постигна капитенот Кузмановски.
Во таков расплет на ситуацијата селекторот на Унгарија, Чема Родригез побара тајм аут. Тој го смени голманот откако Миклер немаше ниту една одбрана. До 25.минута одржувавме позитива од три голови 14:11, но нашиот состав имаше пад во играта. Ривалот го искористи тоа и успеа да изедначи на 14:14 (трето израмнување по 1:1 и 5:5). Во овој период Македонија не реализираше и два седмерци, кои Палачиш ги одбрани и на полувреме заврши 14:14.
Храбра игра на македонските ракометари и во второто полувреме
На почетокот на вториот дел двете репрезентации наизменично постигнуваа голови. Црвениот картон на Сита и исклучувањето на Имре македонските ракометари го искористија за пресврт и водство од 20:19 во 45.минута. По 9-то изедначување (20:20), Унгарија повторно поведе со 21:20 во 47.минута. Во продолжение двете репрезентации постигнаа по два гола, а предноста о 50-та минута беше повторно еден за противникот. Како се ближеше крајот така двете селекции се потешко се решаваа на шут, но и како резултат на добрите одбрани.
Во 54.минута по одбраната на Митревски (11-та), Никола Маркоски постигна гол на „празна мрежа“ за водство на Македонија од 25:24. Во финишот на натпреварот никој немаше предност, во изедначеното второ полувреме (резултатот нерешен беше 12 пати). Кузмановски погоди на 90 секунди до крајот за 27:26, за Македонија. Противникот следниот напад го играше „7 на 6“. Во последниот напад топката на беше одземена, а противникот од контра погоди за изедначување 27:27. Последниот обида за победа на Македонија го имаше Митев, но за жал тој беше неуспешен.
Кузмановски кај Македонија со 10 голови беше најефикасен, додека Митревски имаше 13 одбрани.
Во првиот дуел од Д групата во Вараждин Холандија ја победи Гвинеја со 40:23.
Македонија во второто коло в петок ќе игра против Холандија.





































