Фудбалерите на Милан славеа тешка победа кај новајлијата во Серија А екипата на Комо.

Во натпревар од 19 коло, Милан победи со 1-2 иако Комо имаше водство.

Домашниот тим го изненади фаворитот во 60.минута кога Асане Диао по една убава соло акција ја затресе мрежата на „миланезите“.

Сепак радоста не траеше долго бидејќи Тео Хернандез во 71,минута го израмни на 1-1. Веќе во 76-тата минута Милан го сврте резултатот во своја полза, а стрелец на голот беше Рафаел Леао.

За тимот од Милано ова беше само осмата победа сезонава, со која стигнаа до 31 бод, даволи само за седмото место на табелата.