Македонија го почна одбројувањето до стартот на Светско првенство за ракометари на кое ќе учествува и нашата земја.

Избраниците на Лазаров со победата над селекцијата на Зеленортските острови ги заврши контролните натпревари, па сега останува да се финализира тактиката за првиот натпревар.

На шампионатот што ќе стартува утре (14 јануари), Македонија својот прв натпревар ќе го игра ден подоцна.

Прв противник на нашите ракометари кои ќе играта во вараждинската „Б“ група ќе биде фаворизираната Унгарија.

Дуелот е закажан за во среда (15 јануари), а потоа ќе следуваат натпреварите против Холандија на 17-ти (петок) и Гвијена на 19 јануари.

Целта е јасна, освојување на едно од трите места што водат во втората, главна, фаза на првенството.