Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона вечерва ќе играат за трофејот во шпанскиот Суперкуп. Популарното „Ел Класико“ повторно ќе биде во фокусот на вниманието, овојпат во Саудиска Арабија.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ден пред натпреварот изјави дека нема да има многу изненадувања во стартниот тим дилема околу тимот. Сите играчи се подготвени, со исклучок на Дани Карвахал и Едер Милитао кои ја завршија сезоната, па Анчелоти ќе го игра со најсилниот состав.

Од друга страна, Ханси Флик има две дилеми околу стартната постава. Голманот Шчесни е одличен на последните два натпревари, без примен гол, па има големи шанси да започне повторно.

Другата голема дилема за Флик е дали повратникот Дани Олмо ќе го заземе местото зад Левандовски или пак тоа ќе биде Гави.

Младиот Шпанец блесна во полуфиналето, постигна гол за 1:0 и му асистираше на Ламин Џамал ​​за конечни 2:0. Со неговата игра Гави заслужи да го започне натпреварот во финалето против Реал. Во финалето во 2023 година Гави постигна гол против Реал и беше играч на натпреварот во победата од 3:1.

Кој ќе биде изборот на Анчелоти и Флук останува да се види на стартот на натпреварот закажан за 20 часот.