Фудбалерите на Ливерпул очекувано се пласираа во следната ФА Купот откако го победија четвртолигашот Акрингтон Стенли.

На натпреварот одигран на „Енфилд“ пред своите симпатизери Ливерпул славеше со 4:0. По два гола „црвените“ постигнаа во двата дела.

Во првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Диого Жота (29.минута) и Александер-Арнолд (45). Во вториот дел Денис (76) погоди за 3:0, а конечните 4:0 ги постави Киеза во 90-тата минута.

Покрај Ливерпул пласман во шеснаесетина финалето обезбедија уште три тима денеска. Бирмингем и Вулверхемптон со 2:1 ги го победија Линколн и Бристол Сити, додека Блекбурн на гости славеше со 1:0 над Мидлзброу.