Kошаркарските прволигаши се оние кои ќе ја затвораат 2024-тата година на македонската спортска сцена.

Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од 12.коло прво во втората фаза на сезоната, по што ќе следува пауза до 11 јануари 2025-та, за кога се закажани дуелите од 13-тото коло, односно продолжението на првенството.

Денешната програма ќе ја отворат екипите на Феникс и Работнички со дуелот со СЦ „Јане Сандански“. Еден час подоцна во Гевгелија, Кожув ќе се обиде да ја искористи кризата во редовите на Чаир кој врза три порази во низа. Гевгеличани од друга страна се во нагорна линија и веќе остварија три последователни победи.

Своевидно дерби ќе биде дуелот во Куманово, каде тимот предводен од екс македонскиот селектор Докузовски го пречекува лидерот на табелата ТФТ. МКК Куманово на овој натпревар ќе атакува на шестата последователна победа.

На останатите два денешни натпревари, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ги имаат улогите на фаворити во дуелите со Шкупи и Тиквеш. Во иста таква улога утре ќе биде и Гостивар кој на домашен терен о пречекува Вардар кој сезоната уште нема остварено победа.

Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО

Среда
16.00 ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – ЧАИР
18.00 МКК КУМАНОВО – ТФТ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ШКУПИ
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
Четврток
18.00 ГОСТИВАР – ВАРДАР