Спортските резултати на крајот на календарската година секогаш се вреднуваат со националниот избор на „Спортисти На Годината“.

Годинашниот, за 2024 година кој ќе се одржи вечерва во Национална опера и балет во Скопје во 18.45 часот. На свечениот јубилеен 70 избор, ќе се доделат спортските награди на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година во повеќе категории.

Во двете главни категории, номинирани се по петмина спортисти.

Кај дамите (Најдобра спортистка)

Таеквондистката Милијана Рељиќ која на ОИ во Париз изминатото лето стигна на чекор до медал, односно беше сопрена во четвртфиналето.
Од боречките спортови номинирани се и каратистката Михаела Мишовска која освои сребро на ЕП во Задар, како и кикбоксерката Леа Бошевска која беше петто рангирана на ЕП во Атина.
Во конкуренција се и капитенките на ракометната и фудбалската репрезентација,
Сара Ристовска (18-то место на ЕП 2024 година, во Унгарија) и Наташа Андонова (настап во квалфикациите за ЕП 2025).

Во машка конкуренција (Најдобар спортист)

Европскиот шампион во кикбокс Бобан Илиоски кој го освои златото на континенталното првенство во Атина е веројатно главниот фаворит за признанието, според остварувањето.
Сепак, според гласовите на нашите читатели, негов конкурент е атлетичарот Дарио Ивановски. Македонскиот рекордер кој на Олимпијадата во Париз и покрај повредата ја заврши маратонската трка како 69-ти.
Тука се и чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски. Тој со низата од пет натпревари без примен гол имаше голем придонес во освојувањето на 1.место на Македонија во лигата на нациите и пласманот во повисок ранг на Лигата на нациите.
Меѓу петмината номинирани се и шахистот Тони Лазов (2.место на втора табла, на Шаховска Олимпијада, во Будимпешта). Кајакарот Ангел Петрушев кој беше пести на ЕП во Љубљана во дисциплина К-1 слалом.

ОВА СЕ ГЛАСОВИ НА ЧИТАТЕЛИТЕ НА СПОРТ+ МАКЕДОНИЈА

Во останатите конкуренции номинирани се:

Млад спортист на годината

СИЛВИО МИРОВСКИ – кикбокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг., на СП, одржано во Будимпешта, Република Унгарија
СТЕФАН СТОЈАНОВИЌ – карате, 3-то место во категорија над 84кг., на СП за кадети, јуниори и помлади сениори У21, во Лидо Ди Јесоло, Италија
НИКОЛА ЈАНЧИЌ – капитен на националниот кошаркарски тим, 1-во место на ЕП за јуниори – Б дивизија во Скопје, МВП, ол-стар тим и втор стрелец на првенството
АХМЕТ ФАКИЌ – самбо, 3-то место на ЕП, одржано во Едрене, Турција
ДАМЈАН МИТЕВ – ракомет, освоено 9-то место на ЕП-У20, во Цеље, Словенија

Млада спортистка на годината

ИВА МЛАДЕНОВСКА – ракомет, ЕП 18-то место, во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
МАРИЈА ДИМОВСКА – кикбокс маитаи, 1-во место на СП, одржано во Будимпешта, Унгарија.
КАТЕРИНА АЦЕВСКА – џиу џица, 2-ро место на ЕП одржано во Питешти, Романија.
ТЕОНА ГОЛАБОВСКА – фудбал, капитенка на женскиот национален тим У17, квалификации од група Ц и освоено 1-во место во Лига на нации, со влез во група Б и настап за А национален тим.
МЕРИ БОШКОВСКА – одбојка, квалификации за учество на ЕП во 2026 година, членка на младински и сениорски национален тим.

Нај успешен машки национален тим

РАКОМЕТЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ – сениори, 17-то место на ЕП во Германија.
ФУДБАЛСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ – сениори, 1-во место во Лига на Нации Ц и влез во група Б
Одбојкарски национален тим – сениори, освоено 10-то место во Златна лига.
КОШАРКАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ – М18-младинци, 1-во место на ЕП Дивизија Б, во Скопје.
КАРАТЕ НАЦИОНАЛЕН ТИМ -кумите-сениори, учество на Прво Светско тимско првенство на кое право за учество имаат 20-те најдобри тима во свет, одржано во Памплона, Шпанија.

Нај успешен женски национален тим

РАКОМЕТЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ – сениорки, 18. место на ЕП во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
НАЦИОНАЛЕН ТАНЦОВ ТИМ – сениори, 4.место на СП во латино кореографии, одржано во Камбрилс, Шпанија и 2.место на ЕП во латино кореографии, одржано во Белград, Србија.
ОДБОЈКАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ – сениорки, учество во квалификации за ЕП во 2025 година и учество во Европска сребрена лига
ФУДБАЛСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ – сениорки, учество во квалификации за ЕП за 2026 година, со освоени најголем број на бодови, освоени 2 победи и еден нерешен натпревар.
НАЦИОНАЛЕН ТАНЦОВ ТИМ – младинки, 1.место на ЕП во латино кореографии, одржано во Белград, Србија.

Нај успешен спортист на лице со инвалидитет

ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА – спортско стрелаштво
СТЕФАН МЕЛНИК – шах
АНДРЕЈ СТОЈАНОСКИ – пливање
АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ – спортско стрелаштво
ИГОР ПОСТОЛОВ – пинг-понг

Нај успешен тренер/селектор

Кирил Лазаров – ракомет
Дејан Митровски – кикбокс и маитаи
Александар Кузмановски – карате
Бранимир Јовановски – спортско стрелаштво за лица со телесен инвалидитет
Благоја Милевски – фудбал

Нај успешна национална спортска федерација

Ракометна федерација на Македонија
Македонска Таеквондо федерација
Кикбокс маитаи федерација на Македонија
Карате федерација на РС Македонија
Фудбалска федерација на Македонија

Изборот на најдобрите во спортот во Македонија за 2024-та може да го гледате во живо на МРТ3 (овде)