Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално доби нов претседател. Масар Омерагиќ ќе го предводи македонскиот фудбал во наредните четири години.
На Вонредното Изборно собранието на ФФМ во Скопје, на Омерагиќ, како единствен кандидат, со акламација му беше доверен мандатот прв човек на мак-фудбалот.
„Фудбалот е тимска работа, поединецот не може ништо сам. Ова е спорт кој бара напорна работа и добар тим да се постигне успех. Враќање на легендите во ФФМ е една од моите заложби. Чест ми е што мојата програма ја препознаа многу легенди, а дел до нив се тука.
Моја втора заложба е фудбал за секое дете. Трето регуларно првенство, враќање на публиката на стадионите, под итно воведување ВАР технологија, а потоа рефлектори на сите стадиони.
Оваа цел заеднички ќе ја оствариме, со помош на УЕФА и ФИФА, со локалната самоуправа. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекција. Чесност, чист образ и транспарентност.
ФФМ ќе биде ширум отворена за секој кој му сака добро на фудбалот“, истакна новиот претседател Масар Омерагиќ.
Омерагиќ е седмиот претседател на ФФМ
Пред него функцијата ја вршеа: Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018) и Муамед Сејдини (2018-2024).