Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем кикс на гостувањето кај Рајо Ваљекано во натпревар од 17 коло на Ла Лига. Супер ефикасен дуел понудија актерите во „малото“ мадридско дерби, а заврши без победник 3-3. На овој резултат најмногу се израдува Барселона.

„Кралевите“ имаа два гола негатива, откако Лопез (4.минута) и Мумин (36) му донесоа предност на Рајот од 2-0. До кракот на полувремето, Реал израмни преку Валверде (39) и Белингам (45).

Во вториот дел Родриго (56) му донесе предност на Реал која не траеше долго. Имено девет минути подоцна (64) Палазон израмни на 3-3.

Иако Реал се обидуваше да стигне до трет гол, а имаше голема шанса во судиското дополнение, резултатот остана не променет.

Со двата изгубени, а планирани бодови, Реал остана на втората позиција со еден помалку од водечката Барселона.