Кошаркарите на Кожув славеа важна победа против Шкупи во натпревар од 10-коло во Првата машка кошаркарска лига.
На натпреварот одигран во Скопје, Кожув до шестиот триумф стигна со победата над Шкупи со 81-68.
Гостите уште во првото полувреме најавија дека се дојдени по двата бода. Како поведоа во седмата минута (14-16) така водството го одржуваа и зголемуваа, па на одмор заминаа со двоцифрена предност (32-44).
Расположениот хрватски интернационалец Пелепиќ беше нерешлива енигма за домашниот тим. Тој заедно со Мајлс Хауард ја одржуваа предноста на Кожув кој заслужено победи со 13 поени разлика.
Пелепиќ натпреварот го заврши си 25 поени, додека Американецот, Хауард имаше даб-дабл со 13 поени и 15 скокови.
Со овој триумф Кожув направија изби прогрес пред МЗТ Скопје и Работнички на табелата, но двата скопски тима денеска ќе се играта своите натпревари од ова коло.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ШКУПИ – КОЖУВ 68-81
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59-90
17:00 ТФТ – ТИКВЕШ
17:00 МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС
20:00 РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Недела
19:00 ЧАИР – МКК КУМАНОВО