Со седумте вечерашни одиграни натпревари, комплетирана е првата половина од 6.коло во фудбалската Лига на шампиони.

Дуелот во Бергамо, го оправда приматот дерби, па љубителите можеа да видат пет гола во победата на Реал над Аталанта со 3-2.

Серијата ја отвори Мбапе во 10.минута со својот јубилеен гол во елитното натпреварување. Подоцна Французинот се повреди па мораше да биде повлечен од игра. Во судиското дополнение на првиот дел Де Кетелаер од пенал го израмни резултатот. Во вториот дел уште беа постигнати три гола. Винициус и Белингем за само три минути му донесоа предност на Реал од 1-3. Неизвесноста ја врати Локман со голот во 65-тата минута, намалувајќи на 2-3.

Затоа вториот дерби дуел во Леверкузен кад германскиот шампион Баерн го пречека италијанскиот првак Интер заврши со еден постигнат гол. Во последната 90.минута Мукиеле беше стрелец на погодокот за домаќините за победа со 1-0.

Од останатите натпревари ги издвојуваме убедливите победи на гостински терен на Баерн Минхен кај Шахтјор и ПСЖ проти Салцбург.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.КОЛО

АТАЛАНТА – РЕАЛ МАДРИД 2-3
БАЕР Л. – ИНТЕР 1-0
САЛЦБУРГ – ПСЖ 0-3
ШАХТЈОР – БАЕРН М. 1-5
БРЕСТ – ПСВ 1-0
КЛУБ БРИЖ – СПОРТИНГ Л. 2-1
ЛАЈПЦИГ – АСТОН ВИЛА 2-3
ЏИРОНА – ЛИВЕРПУЛ 0-1
ДИНАМО З. – СЕЛТИК 0-0