Кавадаречки Тиквеш ја оствари третата победа во Првата машка кошаркарска лига. На дуелот од 9.коло одигран пред своите симпатизери, Тиквеш го совлада Вардар со 78-70.

Гостите од Скопје беа подобар противник речиси три четвртини. Го добија првото полувреме со 11 разлика, на стартот на второто имаа и +20, но на крајот загубија.

Кон средината на третата четвртина, на чиј крај вардарци имаа само +4 (56-60). Во последната домаќините направија пресврт и поведоа со седум разлика (70-63. Црвено-црните не се откажаа, успеаја да ја анулираат негативата и да израмнат (70-70). Но тоа беше се што сторија. Не успеаја избраниците на Јованчев повторно да го преземат водството, па мораа да се помират со осмиот пораз.

Двајца кошаркари на Тиквеш натпреварот го завршија со двоцифрен ефект. Србинот, Пантелиќ на 30-те поени додаде 11 скокови, а Григоријевиќ покрај 20-те поени имаше и 10 скокови. Дабл-дабл на спротивната страна остари Филип Наков со 19 поени и 10 скокови.

Со оваа победа, Тиквеш сега има 12 бодови (на 9.место) како и Гостивар пред него, односно Шкупи кој е десетти. Вардар е последен без ниту една победа и 8 бодови.