Во Првата машка кошаркарска лига викендов ќе се играат натпреварите од деветтото коло, кое носи два дерби дуели.

Двете водечки екипи на табелата Чаир и ТФТ ќе играат против ланските финалисти Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром. Битолчани и аеродромци веќе ги загубија шансите за плејофот до АБА2 лигата, па сега може комплетно да се посветат на домашните обврски.

Во првиот дуел, со кој практично ќе биде и отворено колото, екипата на ТФТ ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 17 часот, термин во кој ќе стартува и дуелот во Гостивар кад ќе гостува Шкупи.

За денеска закажани се уште два натпревари и тоа еден час подоцна во Куманово и Гевгелија. Марин Докузовски со МКК Куманово ќе игра против својот некогашен клуб Работнички, а Кожув шанса за победа ќе бара против Феникс.

Утрешната програма ќе ја полнат Тиквеш и Вардар со натпреварот во Кавадарци, а половина час подоцна во Битола, Пелистер ќе го пречека водечкиот на табелата Чаир.

Сите натпревари од ова коло ќе може да го гледате во живо овде.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

Сабота
17.00 ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
17.00 ГОСТИВАР – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ
18.00 КОЖУВ – ФЕНИКС
Недела
18.00 ТИКВЕШ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР