Фудбалерите на Интер ја совладаа Парма со 3:1 во натпреварот од 15.коло во италијанската Серија А.
Домаќините поведоа во 40.минута кога Федерико Димарко ја затресе мрежата на својот поранешен клуб. Избраниците на тренерот Симоне Инзаги ја удвоија предноста во 56 минута кога искусниот Мхитарјан повторно се најде во улога на асистент. Овојпат Николо Барела ја избегна офсајд замката и погоди за 2:0.
Интер чекаше до 67.минута на третиот гол, а по корнер Маркус Турам го совлада немоќниот голман на Парма, Сузуки.
До крајот на натпреварот гостите успеаја да постигнат почесен гол, благодарение на Матео Дармијан кој ја смести топката во сопствената мрежа.
Со овој триумф Интер стигна до 31 бод и се израмни на 2.место на табелата со Аталанта.