Англиското дерби од 14.коло на Премиер лигата мина во знакот на Арсенал, кој не му даде ниту ронка надеж на Манчестер Јунајтед.
Дуелот одигран во Лондон го добија домашните фудбалери на Арсенал со 2-0, а можеа да постигнат и некој гол повеќе.
Доминираа „топчиите“ во текот на целиот меч, а головите ги постигнаа во вториот дел.
Два изведени корнери беа кобни за Јунајтед. Прво Тимбер во 54-тата, а потоа и Салива во 73-тата минута ја погодија мрежата на Манчестер.
Со трите бода и вкупно 28 колку што има и Челзи, тимот на Арсенал се врати на 2.место на табелата со два бода повеќе од Манчестер Сити (26) кој конечно се израдува на победа. Лидер е Ливерпул кој има 35 бодови.