Во англиската Премиер лига вечерва се одиграа неколку интересни натпревари од 14-тата рунда.
На „Сент Џејмс Парк“, тимот на Њукасл го пречека водечкиот Ливерпул. Во натпревар со шест гола и големи пресврт дуелот заврши без победник 3-3.
Домашниот тим во два наврати имаше предност со головите на Исак (35) и Гордон (62), но гостите од Ливерпул на крајот се радуваа. Преку Џонс (50) израмнија на 1-1, а потоа следуваа два гола на Салах (68 и 83.минута) за водство од 2-3. Но голеадата тука не заврши. Фабијан Шер во 90-тата минута го израмни резултатот на 3-3.
Екипата на Челзи пак продолжува со одличните игри. До осмиот овосезонски триумф сините од Лондон стигнаа на гостувањето кај Саутемптон со 5-1.
Уште во првото полувреме Челзи покажа дека е дојден по трите бода. Дисаси (7), Нукунку (17) и Мадуеке (34) постигнаа голови за лондонскиот тим кој на одмор замина со два предност. Стрелец на погодокот за домашниот тим беше Арибо (11.минута). Во вториот дел уште два гола во мрежата на Саутемптон. Стреци беа, Палмер (77) и Санчо (87).
Челзи во моментов е на 2.место на табелата со два бода повеќе од Арсенал кој во овие моменти го игра дербито со Манчестер Јунајтед.





































