По поразот од Унгарија во последниот натпревар на Европскиот шампионат, селекторот на женската македонска репрезентација со критика за одредени ракометарки.
Кристијан Грчевски смета дека има ракометарки кои ќе мора да се замислат, дали го заслужуваат дресот на репрезентацијата.
„Ако сакаме да играме со сите екипи, не смееме да си дозволиме такво нешто.
Има играчи кои заслужуваат да бидат тука и даваат се од себе, а има некој што мислам дека малце ќе треба да се замислат, дали навистина заслужувате да се тука или треба сеуште една работат за да го заслужат дресот кој го носат“. изјави по натпреварот селекторот Грчевски.
Македонија првенството го заврши сои два порази (Шведска и Унгарија) и нерешен резултат со Турција.
Извор: ЕХФ