Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја впиша шестата победа сезонава во прволигашката македонска конкуренција.
Во натпревар од 8.коло МЗТ потешко од очекуваното го совлада гевгелиски Кожув со 69-62.
Двата тима имаа свои добри периоди на игра во текот натпреварот. Гостите го добија првото полувреме со пет разлика (35-40). Имаше Кожув најголеми +7 на стартот на второто полувреме. Аеродромци се вратија и го свртеа резултатот благодарение на серијата од 18-4, па тие поведоа со седум разлика. На стартот на последната четвртина Кожув успеа да израмни (57-57), но не и да ја врати предноста. Тешко двете екипи успеваа да реализираат, во четвртината со мал број на поени (12-9). На кракот МЗТ заслужено се радуваше со конечни 69-63.
Најефикасни на натпреварот беа гостинските кошаркари, Хрватот, Пелепиќ со 21 и Србинот, Стефановиќ со 18 поени.
Во победничката екипа, браќата Стојановски постигнаа по 13 поени на кои Војдан додаде 12 скокови, а Дамјан 8.
МЗТ во моментов е втор ба табелата со бод помалку оид ТФТ кој во првиот денешен натпревар славеше со 1 поен разлика над Вардар. Вечерва ќе се одигра уште еден натпревар во СЦ „Јане Сандански“, а утре на програмата се два.
Чаир кој беше лидер во пресрет на оваа рунда го пречекува Тиквеш, а во СЦ “Кале“ ќе се игра дербито меѓу Работнички и Пелистер. Колото ќе биде комплетирано во понеделник.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ – КОЖУВ 69-63
ВАРДАР – ТФТ 79-80
ФЕНИКС – ГОСТИВАР од 20 часот
Недела
19:00 ЧАИР – ТИКВЕШ
19:00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Понеделник
18:00 ШКУПИ – МКК КУМАНОВО